Адел и Лејди Гага подготвуваат дует. Песната се работи во студио во Лос Анџелес и се очекува да излезе до крајот на годинава. И двете се надеваат дека песната ќе стане тотален хит на сезоната. Се претпоставува дека Британката Адел ќе ја вклучи песната во претстојниот албум.
2014 година беше многу успешна за Лејди Гага, која во моментов е во екот на својата светска турнеја. Нејзиното шоу (ArtRave : The Art – pop Ball) завршува на 24 ноември во Париз. По кратка пауза за одмор, таа ќе може да влезе во студио за новиот проект. Новиот албум на Адел ќе се вика „25“ и ќе биде претставен на турнеја во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



