Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, ја обвини Исламската држава за употреба на хемиско оружје во борбата за Кобане.
– ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција – истакна Џафари.
Тој изрази загриженост што земјите, кои ја обвинуваат сириската влада за употреба на хемиско оружје и хлор, не се ни обиделе да побараат истрага за таквата ситуација.
Џафари го повика генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили при воздушните напади на меѓународната коалиција врз позиции на ИД во Сирија.
– Се планира уништувањето на останатите 12 објекта во Сирија за производство на хемиско оружје да почне овој месец и да заврши до летото следната година – изјави постојаниот претставник на Австралија во ОН, Гари Квинлен, кој е ротациски претседател на Советот за безбедност на светската организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро


