| четврток, 6 декември 2018 |

ИД употребува хемиско оружје во Кобане?

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, ја обвини Исламската држава за употреба на хемиско оружје во борбата за Кобане.

– ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција – истакна Џафари.

Тој изрази загриженост што земјите, кои ја обвинуваат сириската влада за употреба на хемиско оружје и хлор, не се ни обиделе да побараат истрага за таквата ситуација.

Џафари го повика генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили при воздушните напади на меѓународната коалиција врз позиции на ИД во Сирија.

– Се планира уништувањето на останатите 12 објекта во Сирија за производство на хемиско оружје да почне овој месец и да заврши до летото следната година – изјави постојаниот претставник на Австралија во ОН, Гари Квинлен, кој е ротациски претседател на Советот за безбедност на светската организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top