Во четвртото коло од Лигата на шампионите македонскиот репрезентативец Агим Ибраими беше стрелец за Марибор во натпреварот против Челси на домашен терен кој заврши без победник 1-1. Ибраими го отвори резултатот со прекрасен гол од работ на шеснаесетикот во 50 минута.
Долго време Челси се обидуваше да дојде до израмнување, но голманот на Марибор Хандановиќ успешно оддолеваше на нападите на избраниците на Жозе Мурињо.
Сепак српспкиот интернационаец Матиќ успеа да постигне гол во 73 минута. Челси можеше да дојде до целосен пресврт по досудениот пенал на пет минути до крајот, но до сега сигурниот реализатор Еден Азар не успеа, односно Хандановиќ го одбрани неговиот удар. Марибор освои голем бод против гигантот Челси и ги задржа шансите за пласман во следната рунда со три бода. До крајот на групната фаза остануваат уште две кола.
Лионел Меси се израмни по бројот на погодоци во Лигата на шампионите со досегашниот лидер Раул. Со денешните два гола во Амстердам против Ајакс кој го победи Барселона со 2-0 Меси има постигнато вкупно 71 колку и „иконата“ на лутиот ривал од Мадрид. Со оваа победа Барселона е сигурен патник во следната фаза бидејќи има недостижна предност од седум бода пред третопласираниот во групата Ф, Ајакс.
Лидерот во оваа група ПСЖ на домашен терен го совлада Апоел минимално со 1-0 со голот на Едисон Кавани по само неколку секунди игра.
Покрај сигурните патници Реал Мадрид и Борусија Дортмунд и денешните ПСЖ и Барселона уште еден европски гигант се пласираше во следната рунда. Баерн Минхен повторно ја победи Рома овојпат пред домашната публика со головите на Рибери и Геце.
Најголемото изненадување вечерва го направи тимот на ЦСКА Москва победувајќи на „Итихад“ против Манчестер Сити со 2-1. Ова требаше да биде лесна победа за „граѓаните“, но гостите ја остварија целта и дојдоа до целиот плен.
Манчестер Сити натпреварот го заврши со девет играчи бидејќи беа исклучени Фернандињо и Јаја Туре поради груби стартови.
Резултати: Баерн Минхен – Рома 2-0, Манчестер сити – ЦСКА Москва 1-2, Ајакс – Барселона 0-2, ПСЖ – АПОЕЛ 1-0, Марибор – Челси 1-1, Спортинг Л. – Шалке 4-2, Атлетик Билбао – Порто 0-2, Шахтер – БАТЕ Борисов 5-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)





