Жителите на Бајмок, населба кај Суботица се во шок поради овој страотен настан. Во неделата на 2. ноември во раните утрински часови е пронајдено безживотното тело на 54-годишниот Тибор Дарабош распарчено од кучиња скитници.

Тибор кобната вечер бил пијан и заспал во своето скривалиште. Се претпоставувал дека тој починал од природна смрт, а неговиот труп од скривалиштето направено од гуми во кое спиел изминативе месец дена, му го извлекле кучињата по што му ја изеле главата.
Несреќниот Дарабош го познавале во Бајмок речиси сите. Жителите не откриваат зошто живеел како скитник иако до пред некое време живеел во една од куќите во населбата.
Тие со тага коментираат дека „никој не заслужува таков живот и крај“ иако човекот мнопгу пиел и на крајот завршил како бездомник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


