| четврток, 6 декември 2018 |

Надал за три недели се враќа на тренинзи

Третиот рекет во светот Рафаел Надал добро се чувствува по операцијата на слепото црево. Шпанецот ја напуштил болницата, но не сакал да зборува за идните планови.

– И натаму чувствувам болка, што е нормално, но ова беше само едноставна операција на слепото црево. Сакам да ви се заблагодарам што се грижите за мојата здравствена состојба – изјави Надал.

На прашањата поврзани со тенисот, Надал не сакал да даде одговор.

– Мојата единствена цел сега е да одам дома и да заздравам. Очекувам за три-четири недели да бидам добро и да почнам да тренирам за да се вратам во форма. Не сакам да ја оценувам оваа сезона, сега сакам само да одморам. Кога ќе заздравам, ќе разговараме за оваа сезона, но и за плановите за следната – додаде Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top