Седумнаесетгодишниот напаѓач на Базел, Брил Емболо стана петтиот најмлад фудбалер што постигнал гол во Лигата на шампиони.
Емболо на мечот против Лудогорец во 34. минута постигна гол во победата од 4-0. Но, тој наместо да оди да слави со екипата, морал да стане во 8 часот за да оди на училиште.
– Ми кажаа дека морам да бидам точен. Никогаш не сум задоцнил и планирам да се држам до договорот, изјави младиот фудбалер за швајцарските медиуми.
Емболо има потекло од Камерун, но игра за младите селекции на Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.