| четврток, 6 декември 2018 |

Златен накит запленет на „Александар Велики“

Царинските службеници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во Скопје спречија обид за шверц на луксузна стока.

Вчера со лет од Лондон пристигнал косовски државјанин, кој по подигнувањето на својот багаж, се обидел да помине на зелен канал каде што поминуваат патници што немаат ништо да пријават за царинска контрола.

Патникот по случаен избор бил селектиран за контрола и во неговиот багаж царинските службеници пронашле три златни ѓердани и еден пар обетки , седум парфеми, еден „ајпад епл“ и еден часовник „армани“.

Против лицето е поведена прекршочна постапка, а стоката е привремено одземена.

nakit1 nakit

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top