Во рамките од четвротото коло од Лигата на шампионите вечерва на „Итихад“ силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и ЦСКА Москва. Ова е практично реванш од третото коло кога истите противници одиграа 2-2 во Москва.
УЕФА ја казни ЦСКА да го одигра натпреварот во Москва без присуство на навивачите на двата тима.
Тоа најмногу ги погоди гостите од Манчестер кои неколу денови претходно веќе имале резервирано авионски карти и хотелско сместување во Москва. Тие пристигнале таму, а не им било дозволено влез на стадионот на ЦСКА. Дури се лути на УЕФА што дозволила група од 300 навивачи на ЦСКА да присуствува на натпреварот кои влегле со спонзорски билети и новинарски акредитации.
По тој повод навивачката група на Сити „Група 1984“ го повикува сите на „Итихад“ да го завртат грбот и да ја исвиркаат химната на Лигата на шампионите.
Во барањето до сите оние кои ќе присуствуваат на натпревар стои дека УЕФА не добар третман према нивниот тим, и затоа треба да ја подржат нивната идеја.
Останува да видиме како УЕФА ќе реагира на ова и какви ќе бидат казните по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.