На Перо Антиќ му беше доволен само еден меч за да ја потврди класата и да се избори за позициите еден и два на клупската топ 5 листа за најатрактивни потези во првата седмица од новата сезона во НБА-лигата.
Антиќ не настапи на премиерата против Торонто бидејќи тренерот Мајк Баденхолзер го изостави од тимот, но македонскиот кошаркар блесна против Индијана пејсерс. Играше 20 минути, постигна 7 поени, а неговиот трик-шут со кој погоди за двојка и изнуди дополнително слободно фрлање е најатрактивен потег на тимот во првата недела од НБА.
На листата со топ 5 потези на кошаркарите на Хоукс, доминира Џеф Тиг со дури три позиции, а на втората зад Антиќ, стигна благодарение на асистенцијата на македонскиот ас. Перо итро го проигра Тиг, а бекот на Атланта атрактивно ја заби топката во кошот.
Петте најатрактивни потези на Атланта хоукс, меѓу нив и двата одлични потези на Антиќ можете да ги погледнете овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)