Арсенал синоќа на домашен терен испушти победа против Андерлехт иако имаа предност од 3-0, бидејќи гостите успеаја да го израмнат резултатот и да си заминат дома со бод. Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер беше крајно разочаран и бесен по завршувањето на мечот.
– Многу сум разочаран и бесен од крајниот резултат. Играчите предвреме се израдувавме и мислеа дека работата е завршена. Јас не мислев така затоа што одбраната ни беше катастрофа од почетокот до крајот на мечот. Се случуваа лоши реакции, невнимателни
стартови, несфатливи грешки. За да бидеме први во групата мора да го добиеме следниот дуел, иако и бод најверојатно не носи во осминафиналето, изјави Венгер.
Арсенал по 4.коло во Лигата на шампионите, во Д групта заостанува пет бода зад лидерот Борусија Дортмунд, но има пет повеќе во однос на трето пласираниот Андерлехт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.