| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе гради затвор за педофили?!

zatvor

Македонија има идеја да гради затвор во кој казна ќе издржуваат само педофилите. Ваквата опција се разгледува и се утврдува дали е во согласност со стандардите на ЕУ. Надлежните сметаат дека лицата осудени за педофилија треба да бидат одвоени и казната да ја издржуваат во посебна установа.Така со нивполесно ќе работи специјализиран тим, а воедно ќе се зголеми безбедноста на овој вид затвореници, кои обично се „казнети“ за делото од страна на сите затвореници.

Во земјава казната за ваквите криминални дела, во просек, изнесува од пет години до доживотна казна затвор, во зависност од тежината на делото. Во македонските затвори моментно казна затвор за полов напад врз малолетник издржуват 155 лица, а 80 од нив се осудени за полов напад врз малолетно лице помало од 14 години. Едно лице, пак, е осудено на доживотна казна затвор и остатокот од својот живот ќе го мине зад решетки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top