Нова обдукција или ДНК-анализа ќе биде направена на телото на Дениса Марковска, потврдуваат од судска медицина. Телото на младата прилепчанка се очекува утре да пристигне во Македонија.
За одобрувањето на барањето на родителите за нова обдукција добивме потврда и од Mинистерството за здравство, а министерот за здравство Никола Тодоров излегол в пресрет на барањето на семејството на Дениса.
Таа во септември исчезна од бродот на кој работела, во водите на Егејско Mоре. Кај роднините уште има сомнеж дека зад исчезнувањето на 23-годишната девојка има нерасветлени околности, кои треба да се истражат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


