„Адидас“ е марка која вложува во познати дизајнери за да внесат разновидност во понудата. Досега тие имаат работено со Џереми Скот и со Стела Мекартни, а наскоро ќе пуштат и модели на Мери Катранцоу. Дизајнерката е позната по специфичните апликации, кои се користат за облека, нејзините дела за секунди се препознаваат од искусно око. Колекцијата вклучува свежи и светли модели кои се истовремено женствени и незаборавни.
Колекцијата ќе се продава во продавниците на „Адидас“ од 15 ноември и ќе има цени од 170 до 250 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.