Убавиците Адријана Лима и Алесандра Амброзио ќе носат градници од 2 милиони долари за време на шоуто на „Викторија Сикрет“ во Лондон. За прв пат организаторите на шоуто откриваат во социјалните медиуми дека во шоуто ќе бидат претставени два градник покриени со скапоцени камења. Адријана ќе биде во кралско сино, а Алесандра во злато и рубини.
Градниците се направени од компанијата „Mouwad“. Користени се рубини, дијаманти и сафири, украсени со 18каратно злато. За целата изработка биле потребни 1380 часа.
„Викторија Сикрет“ претставува по еден прекрасен градник секоја година од 1996 година, кога Клаудија Шифер беше првата со градник за 1 милион долари.
Минатата година Кандис парадираше со градник од 10 милиони долари , во 2011 година Миранда Кер беше со долна облека за 2,5 милиони, а во 2005 година Жизел Бундхен претстави градник за 12,5 милиони.
Овој пат компанијата претставува не еден, туку два градника. Тоа сепак нема да биде прв пат во кој ангел на „Викторија Сикрет“ ќе парадира со 10 000 картни камења. Адријана Лима беше избрана во 2008 година и 2010 година, а Алесандра Амброзио во 2012 година.
Оваа година Адриана Лима ќе го израмни рекордот со Хајди Клум за најголем број учества на модната ревија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.