| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Ратко Младиќ: Што се случува во Хаг, уште два српски офицери заболеа од рак?

Сите ние во Комитетот за одбрана на Ратко Малдиќ сме мошне загрижени со оглед на тоа дека во Трибуналот почнаа да се случуваат мошне чудни работи. Одеднаш се појави голем број на заболени луѓе, особено од карцином, вели Дарко Младиќ, синот на Генералот Ратко Малдиќ.

-Она што јавноста веќе го слушна е дека на Војислав Шешељ му се појавиле метастази на јетрата. Јас не можам да говорам за останатите луѓе кои се таму, но имам информации дака најмалку два наши офицера имаат рак. Тоа се луѓе кои се помлади од шешељ и од татко ми.
-Како што знаете Горан хаџиќ доживеа срцев удар и веке може да речеме дека станува збор за голем број српски притвореници кои се заболени од тешки болести. Тоа е статистичка бројка која укажува дека таму навистина нешто не е в ред со медицинската нега, бидејќи е нејасно како толку голем број луѓе заболуваат од рак. Тоа е загрижувачки. Што се однесува до здравјето на татко ми, во овој момент неговата здравствена состојба е релативно стабилна. Тој годинава имаше седум месеци пауза и конечно успеавме да добиеме од судскиот совет во август годинава наместо пет работни дена да работи четири. Тоа е своевиден парадокс какви работи се случуваат таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top