| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на облеката на старите кумановски семејства од почетокот на 20 век

11-04-2014-103356AM-300x166

В четврток, на 6 ноември со почеток во 19.00 часот, во фоајето на Музејот на македонската борба, ќе се одржи модна ревија под наслов Модните трендови и културата на живеење од ала франга до современа мода. Организатор на ревијата е Музејот Куманово во соработка со Музејот на македонската борба – Скопје. Преку фотографии и оригинални примероци ќе биде презентирана облеката кај старите кумановски семејства од почетокот на 20 век, а настанот ќе продолжи со модели од современи модни креатори кои се инспирирале од европската мода ала франга од овој период.

Публиката ќе може да ги види креациите на Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ. Дел од модната ревија ќе биде и концертот на квартетот флејти Аулос. Ревијата Модните трендови и културата на живеење од ала франга до современа мода се одржува во рамки на одбележувањето на десетгодишнината од Форумот на словенски култури – организација чија цел е промоција на науката, уметноста и културата на словенските земји во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top