Местото каде што се наоѓа сега веќе пропаднатиот болнички објект, ќе биде пренаменето за изградба на хотелски комплекси и други објекти, пишува порталот „Охриѓани“.
– Има интерес кај странските инвеститори и мислам дека за кусо време ќе знаеме кој ќе го добие земјиштето – вели Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам во Општина Охрид.
Веќе седум години и стариот дел, изграден во 1949 година, и новиот, кој датира од крајот на седумдесеттите години од минатиот век, се ставени под клуч, вратите и прозорците се искршени и оттаму влегуваат бездомници, кучиња-скитници и глувци, а тони искината хартија, меѓу која и уништена документација, е расфрлана во ходниците. Дел од вработените во оваа јавна здравствена установа беа префрлени во болницата „Свети Еразмо“, а другите во други здравствени установи во Охрид и во Струга.
Објектот се наоѓа на самото крајбрежје, а пред него има и плажа со која засега никој не стопанисува поради што таа е една од најгрдите слики на брегот со наталожени тони отпад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.