Добрата атмосфера во тимот на Реал Мадрид е тоа што ги краси во текот на оваа сезона. Резултатите го покажуваат тоа и сѐ додека е така, фудбалерите на „кралскиот тим“ добро се забавуваат и на тренинзите.
Во популарната „шева“ на последниот тренинг пред натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите жртва овој пат беше Џејмс Родригез кој никако не успеваше да ја одземе топката. Во елемент беше Марсело, кој му ја протна топката меѓу нозе, а тоа го искористи Роналдо, кој му се исмеваше на колумбискиот репрезентативец.
Добрата атмосфера во тимот е секако добредојдена пред вечерашниот меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)