| четврток, 6 декември 2018 |

Клосе со два гола го однесе Лацио до третото место

Фудбалерите на Лацио го победија Калјари со 4-2 во последниот натпревар од 10. коло во италијанската серија А, а по еден бод поделија екипите на Чезена и на Верона одигрувајќи 1-1.

Најзаслужен за победата на екипата од Рим беше Мирослав Клосе, кој постигна два гола за само две минути, во 25. и во 26. минута, а запиша и асистенција за голот на Маури во седмата минута.

Брафхајд во вториот дел ја затресе сопствената мрежа, а потоа Педро беше прецизен за 3-2. Сепак, конечниот резултат го постави Едерсон во судиското надополнување.

Лацио со оваа победа се искачи на третата позиција на табелата со 19 освоени бода, исто колку што има и Сампдорија, но тимот од Рим има подобра гол-разлика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top