| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како реагираат Канаѓаните на лица во исламска носија (ВИДЕО)

Група момчиња од Канада решила да сними видео, кое имало за цел да го претстави ставот на Канаѓаните за терористичкиот напад што се случи во Отава. 

Пред десетина дена во зградата на Парламентот во Отава, напаѓачот Мајкл Зехав-Бибо при нападот уби еден војник, а три лица беа ранети. Мајкл беше убиен по повеќе од половина час, а премиерот на Канада, Стивен Харпер напаѓачот го опиша како терорист. Еден од актерите во видеото е облечен во традиционална исламска носија и со другите сограѓани чека автобус за да оди до својата дестинација.

Другиот учесник во овој социјален експеримент, му приоѓа на „терористот“, како што го нарекува во видеото, и бара од него да оди со друг автобус бидејќи е ризично да патува со другите. Реакциите на Канаѓаните на барање на тој актер се бурни, а еден од нив дури и решава физички да го заштити актерот во традиционалната исламска носија.

Видеото за само една седмица било прегледано повеќе од 2,5 милиони пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top