Победник во приказната и во постигнувањето на договорот се државата и членството на СДСМ, но тие што беа против бојкот, вели во интервју за „Република“ поранешниот лидер на социјалдемократите, Владо Бучковски.
БУЧКОВСКИ: Пред сѐ, победија Република Македонија и нејзините граѓани. Тие не ја загубија евроатлантската перспектива поради неодговорната политика на поединци што ги држеа како заложници двата милиона граѓани на РМ. Потоа, победник е и членството на СДСМ, кое не се согласуваше со бојкотот на Црвенковски, и дел од раководството, тие добија шанса да изберат свој фаворит на локалните избори.
Кој загуби? Загубија Бранко Црвенковски и дел од раководството на СДСМ, кои повикуваа на бојкот, кои беа за партизанско и герилско војување, кои бараа да се оди до крај! На крајот, што се случи… Црвенковски и дел од раководството беа фатени во заседа, која им ја поставија Груевски и меѓународната заедница. Црвенковски и неговите герилци беа разоружени… Арно ама, кога се вратија на Бихаќка, во седиштето на СДСМ, место да ја признаат капитулацијата и да ја преземат одговорноста за тоа, Црвенковски повторно се обиде поразот да го претстави како победа! Каква манипулација….
На крајот сѐ се сведе на итни измени и интервенции во Изборниот законик, кои пред договорот СДСМ ги кудеше за сега сите да се согласат без проблем?
БУЧКОВСКИ: Де факто, на крајот компромисот се сведе само на продолжување на рокот за поднесување на листите за кандидати за градоначалници и за листите на советници. Немаше одложување на локалните избори, нема договор за вонредни парламентарни избори! По изборите, според договорениот компромис, ќе треба да се седне со добра волја, без предрасуди и без прејудицирање на рокови да се разговара за идните парламентарни избори! Црвенковски вети еден глас повеќе на советничките листи од ВМРО-ДПМНЕ. Значи, во таква претпоставена ситуација ќе има простор и добра волја да се отвори и прашањето на предвремени парламентарни избори. Јас лично сум убеден дека по локалните избори многу поактуелен ќе биде мајскиот Конгрес на СДСМ, отколку евентуалните предвремени парламентарни избори.
Целото интервју со Бучковски прочитајте го во новиот број на „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!


