Судот во Калифорнија смета дека постојат индикации дека Фарел Вилијамс и Робин Тики украле дел од својот хит.
Робин и Фарел, авторите на летниот хит „Blurred lines“, се обвинети дека во својата песна „украле“ дел од песната на Марвин Геј „Got To Give It Up“ и дел од„ Sexy Ways“ на Џорџ Клинтон (групата „Фанкаделик“).
Семејството на Марвин Геј има почнато процес против Тики, обвинувајќи го дека направил плагијат. Тики се брани и бара од федералниот судија пресудата да биде во негова корист, односно да го ослободи од тужбата.
Тики не многу одамна предизвикал бурни реакции во јавноста затоа што признал дека Фарел Вилијамс ја има напишано песната иако тој се обидувал да ја претстави како свое дело, а, исто така, додал и дека бил под таблети и алкохол во периодот кога е таа песна настаната.
Слушнете ги песните и проценете дали има украдено делови од песните, или не:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.