| четврток, 6 декември 2018 |

Загинала поради „Happy“ од Фарел Вилијамс

Триесетидвегодишната Кортни Сенфорд загинала додека го слушала хитот на Фарел Вилијамс „Happy“, бидејќи додека возела пишувала статуси на „Фејсбук“ за тоа колку оваа песна ја прави среќна.

Додека го пишувала статусот, Сенфорд со автомобилот преминала на спротивната страна од патот и веднаш откако се огласила на Фејсбук, удрила во камион што собирал ѓубре и на лице место загинала.

Според службениот полициски извештај несреќната Кортни статусот на Фејсбук го објавила во четврток во 8:33 часот, а брзата помош некој ја повикал во 8:34 часот.

– Секунди беа доволни за нечиј живот да биде завршен само затоа што таа личност сакала да им објави на своите пријатели дека е среќна, изјави портпаролот на локалната полиција Крис Ваиснер.

Возачот на камионот помина без повреди.

hepi.jpg500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top