| четврток, 6 декември 2018 |

Млада Иранка ќе помине една година во затвор затоа што гледала одбојкари

 

iranka zatvor

Млада Британка со иранско потекло Гончех Гавами е уапсена во Техеран затоа што сакала да гледа машки одбојкарски натпревар и е осудена на една година затвор поради пропаганда против режимот.

Пресудата сè уште не е официјално врачена, но судијата ми ја покажа. Во неа пишува дека казната е една година затвор, рекол адвокатот на девојката, чијашто изјава ја пренеле иранските медуми.

– Бидејќи претходно не е осудувана, судот би можел да и ја намали казната – додал нејзиниот бранител.

Лондон изразил „загриженост“ поради одлуката на судот.

– Се прашуваме кои се мотивите за процесот, праведност за процесот и условите во затворот на уапсената – рекол портпаролот на Форин офисот.

25-годишната девојка е приведена на 20 јуни, кога присуствувала на собир на жени, кои во Техеран сакале да гледаат натпревар од Светското првенство во одбојка за мажи меѓу Италија и Иран. Била пуштена по неколку часа, но потоа повторно била приведена.

По 126 дена во затвор, младата жена во октомври две недели одбивала храна во знак на протест против притворањето и неводењето на процесот.  Шефот на полицијата, генерал Есмаил Ахамди Могадам во јуни изјавил дека полицијата не може да им дозволи на жените присуство на стадионите затоа што мешовитата публика на стадионите не е од општ интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top