Големото градско дерби во Манчестер во англиската премиер лига заврши со победник на „граѓаните“ од 1-0.
Јунак на мечот беше аргентинскиот репрезетантивец Серхио Агуеро кој го скрши отпорот на Јунајтед во 63 минута по додавањето на Гаел Клиши. Агуеро има одлична сезона до сега и овојпат беше решението на менаџерот на Сити Мануел Пелегрини да го најде патот на топката до мрежата. Се чини клучен потег на мечот беше црвениот картон на централниот дефанзивец на Јунајтед Крис Смолинг кој оправдано беше порано испратен во соблекувалната во 39 минута.
Сепак по исклучувањето на Смолинг Јунајтед не се предаде и се обиде на неколку наврати да го загрози голот на Харт но безуспешно.
Ова беше четврти последователен пораз од Јунатед во градското дерби до Сити. По оваа победа Сити со 20 бода сега заостанува шест бода зад лидерот Челси на третото место, додека Јунајтед е да делба на осмото место со само 13 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)