Екипата во која настапува нашиот кошаркар Перо Антиќ, Атланта Хокс синоќа на домашен терен славеше над Индијана Пејсерс со резултат 102-92 и со тоа го запиша првиот триумф во новата сезона.
Перо Антиќ за 20 минути поминати на паркетот постигна седум поени, еден скок, две асистенции и една загубена топка.
Најефикасен во победничкиот табот беше Џеф Тиг со 25 поени, зад него со пет поени помалку беше Ал Хорфорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.