Екипата на Челси годинава во премиер лигата сеуште не знае за пораз. Денеска потешко од очекувањата на „Стенфорд Бриџ“ славеа победа од 2-1 против предпоследнопласираниот на табелата Квинс Парк Ренџерс.
Избраниците на Жозе Мурињо добро го отворија натпреварот со голот на Оскар во 32 минута по додавањето на најдбобриот асистент во лигата Сеск Фабрегас. Се редеа безброј шанси пред голот на КПР, но „сините“ од Лондон не успеаја да постигнат уште еден за мирен финиш на мечот. Токму во 62 минута се случи спротивното. Остин со ефектен гол со петица успеа да го совлада Тибо Куртоа и да го израмни резултатот. За да не дојде до изненадување се погрижи еден од најдобрите поединци на Челси годинава, Белгиецот Еден Азар. Тој успеа да изнуди пенал кој подоцна сам го реализираше им им донесе нови три бода на најсеризниот кандидат за титулата годинава во премиер лигата Челси.
Oscar Goal ~ Chelsea 1-0 QPR ~ 01 11 2014… by VideoRE
Austin Goal – Chelsea 1 – 1 Queens Park Rangers… by LatestGoals4u
Eden Hazard Penalty Kick Goal ~ Chelsea vs… by deportes7
Арсенал на домашен терен успеа да слави победа со 3-0 над Барнли и да врзе две победи по ред. Се до 70 минута мрежите мируваа и се чинеше дека и ова ќе биде тежок натпревар за избраниците на Арсен Венгер. За тоа да не биде така се погрижи летното заслување Чилеанецот Алексис Санчез. Вториот гол беше дело на Калум Чемберс две минути подоцна, а Санчез го постигна конечниот резултат со неговиот втор гол во судиското продолжение.
Alexis Sanchez Goal ~ Arsenal vs Burnley 1-0… by deportes7
Chambers Goal – Arsenal vs Burnley 2-0 2014 by spotive29
Екипата на Саутемптон продолжува со добрите игри. Денеска забележа нова победа на гостински терен кај екипата на Хул минимално со 1-0 но доволно за второто место на таблета и само четири бода заостанување зад лидерот Челси.
Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:
Њукасл – Ливерпул 1-0, Евертон – Свонси 0-0, Лестер – ВБА 0-1, Стоук – Вест Хем 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



