Една од најголемите тајни на поранешна Југославија, чувана 33 години, за сефот на Јосип Броз Тито е конечно откриена.
Имено, по неговата смрт, со одлука на претседателството на СФРЈ сите предмети кои биле во трезорот на Тито останале запечатени.
Сефот е отворен лани, а некои од драгоцените предмети се депонирани во народната банка на Србија.
Исто така во банката се предадени и предметите за кои се утврдило дека се на семејството Караѓорѓевиќ.
Во сефот на Тито имало: речиси 30 килограми чисто злато, 2.663 златници и дукати, повеќе од 1.200 нумизматички пари, 26.219 американски долари, 36.000 германски марки,149 парчиња накит кои припаѓале на Караѓорѓевиќ, синиот сафир на Романови,18 комплети сребрени сервиси и 83 копчиња за манжетни, кутии за цигари, медалјони, приврзоци и беџови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


