
Едно лице загина, а уште еден е тешко повреден откако се урна вселенското летало на компанијата „Вирџин галактик“. Инцидентот се случил вечерва во јужна Калифорнија за за време на тестирањето на леталото „Спејсшип 2“ или СС2 при што загина копилотот, а пилотот е критично повреден.

Компанијата, која е во сопственост на британскиот милијардер сер Ричард Брансон, се огласи со кусо соопштение дека леталото претрпело сериозни аномалии при трестирањето, при тоа не навлегувајќи во детали до исходот од истрагата за несреќата.
Вселенското летало „Спејсшип 2“ е подобрена верзија на „Спејсшип 1“ кое во 2004 година стана првото приватно летало што стигна до вселената.
Досега над 500 луѓе уплатија по 200.000 долари за можност да поминат извесно време во бестежинска состојба и да ја видите Земјата од височина од 100 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


