„Денешната прес-конференција на претседателот на Советот за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски не е ништо друго, освен уште еден очајнички обид на неговата партија да го дефокусира вниманието на јавноста од досегашното успешно спроведување на Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија, реагира Министерството за култура во писменото соопштение.
– Рализацијата на проектот кој го споменува Алаѓозовски нема никаква врска ниту со Министерството за култура, ниту со министерката за култура. Обвинувањата за некаква цензура
и селективност од страна на Министерството за култура ги сметаме за несериозни, тенденциозни и неосновани, а потврда за тоа се средствата во висина од 4,2 милиони денари со кои Министерството за култура веќе 8 години, континуирано ги поддржува проектите на Роберт Алаѓозовски. Што се однесува до циничните забелешки на СДСМ дали посочените случувања се дел од досегашната имплементација на Националната стратегија во областа на културата, ќе посочиме дека Алаѓозовски и неговата партија СДСМ и понатаму, свесно, со подбив и непочитување се однесуваат кон културата и македонските уметници – пишува понатаму во соопштението.
Според Министерството за култура, негаторски однос кон овој важен стратешки документ, за прв пат изработен во културното живеење на независна Република Македонија, јасно укажува на нивното непознавање на културата и упатува на една ограничена перцепција за културата и нејзините вистински вредности.
– Роберт Алаѓозовски и СДСМ немаат право да зборуваат за уметниците и културата. Нивниот индиферентен однос кон културата го покажаа за време на своето владеење, во
еден значаен проект од оваа област – се вели во реакцијата на Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори