| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага за малите беспилотни летала над нуклеарните централи

nuklearni centraliФранцуските власти покренаа истрага за неидентификувани беспилотни летала кои во текот на месецот се забележани над нуклеарните централи во соопственост на државната компанија ЕДФ, изјави вчера францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казенев.

Од 5 до 20 октомври се регистирани седум беспилотни летала како надлетуваат над седумте француски нуклеарки. ЕДФ соопшти дека дроновите не дејствувале врз безбедноста или функционирањето на нуклеарните централи.

– Во тек е судска истрага, се преземаат мерки да се дознае за леталата и тие да се неутрализираа – посочи Казенев.

Мали беспилотни летала се забележани доцна навечер, во текот на ноќта или рано наутро. Над нуклеарните централни се забранети прелети пониски од илјада метри и во радиус од најмалку пет километри.

Франција е земја најмногу зависна од нуклеарната енергија во светот. Во сопственост на ЕДФ се вкупно 58 реактори на 19 локации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top