
Француските научниците објавилe дека создале препарат способен за 90 отсто да го намали ризикот од инфекција со ХИВ, а земањето на овој лек треба да биде по сексуалниот однос, пишува весникот „Индепендент“. Препаратот бил тестиран на луѓе од ризичните групи. Пронајдокот веќе го нарекуваат „најголемиот напредок во борбата со инфекцијата со ХИВ вирусот“, а самите научници велат дека им тргнало од рака да постигнат „значително намалување“ на ризикот од заразување.
Од своја страна, фондациите за борба против сидата веќе побараа универзално да се применува принципот „профилакса пред контактот“, истакнувајќи дека тој ја докажал својата ефикасност во САД. Доколку таквите апчиња се употребуваат секојдневно, тоа може значително да ги намали трошоците за здравствената заштита во сферата на превенцијата на вирусот на имунолошкиот недостиг.
Се смета дека вкупно во светот има 34 милиони луѓе кои се носители на ХИВ. Најголемиот број од инфицираните се во Етиопија, Нигерија, Замбија, Јужноафриканската Република и Зимбабве. Потоа следуваат земјите во Латинска Америка, па тие од Централна и од Јужна Азија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


