Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја давала својата максимална поддршка и глас кога се работи за зголемување на пензии, плати, социјална помош и други надоместоци кои се неопходни за поквалитетен живот и стандард на граѓаните на Република Македонија.
Тоа, како што рече Драган Цуклев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во седиштето на партијата, се покажало и вчера кога на седница на Собранието на Република Македонија беа изгласaни измените и дополнувањата од Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои треба да се овозможи зголемување на средствата за пензии за 5 проценти, а следствено на тоа и нивно зголемување.
– Оваа одлука беше изгласана и пензионерите од септември 2015 година ќе го добијат ветеното покачување на сумата за пензии за 5 проценти. И понатаму ќе продолжиме да работиме и да ги исполнуваме нашите ветувања за кои сте ни ја дале поддршката односно да ги застапуваме вашите интереси. Свесни сме дека се уште не е доволно и дека уште многу може да се направи за пензионерите, но и за сите други граѓани, да имаат уште подостоинствени услови за живот, рече Цуклев.
Пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Владата, додаде тој, со заеднички сили досега неколкукратно ги зголемија пензиите на пензионерите, a спроведоа и разни мерки за олесување на пензионерскиот живот.
– Факт е дека до 2006 година пензионерите во Република Македонија имаа далеку помали пензии кои не беа доволни ниту за основните потреби на пензионерите и тие беа заборавени и оставени на маргините на општеството долго време. Додека, пак, од 2006 година до денес, ќе забележиме двојно зголемување на просечната пензија. Најниската пензија досега беше зголемена за 76 проценти, додека просечната пензија од 2006 година до сега е зголемена за 62 проценти, рече Цуклев, додавајќи дека зголемувањето на пензиите нема да застане.
Освен зголемените пензии, рече, пензионерите добија низа други поволности кои им го олеснија секојдневниот живот. Притоа ги спомена бесплатниот јавен градски превоз, бањско климатската рекреација, намалените цени на лековите…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)