| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка сексуално злоупотребувала 15-годишна ученичка

уцителка

Во оргиите кои се случувале во јули годинава учествувал и сопругот на професорката Филип Вајт.

Средовечната Мишел е осомничена дека се впуштила во незаконски сексуални моменти со ученичка, а деталите се фрапантни.

Учителката како резултат на сексуалниот чин дури и си го истетовирала името на ученичката. Во нејзиниот дом се пронајдени преписки преку кои се открива дека за сексуалните авантури знаел и нејзиниот сопруг, па дури и дека сакал да биде дел од нив.

Полицијата во Дурем открила дека учителката по танци имала сексуална врска со 15-годишна ученичка од училиштето „Чарлс. Е. Џордан“. Таа продолжила да комуницира со девојката дури откако родителите ѝ забраниле да го прави тоа.

Во пронајдените пораки преку СМС се гледа дека учителката вршела притисок на ученичката да имаат секс во тројка, што имплицира инволвираност и на нејзиниот сопруг.  Интересно е што оваа учителка веќе двапати била суспендирана од училиштето, а еднаш и сама дала отказ, па пак се вратила. Судскиот процес против неа почнува во ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top