Во текот на наредната недела ќе бидат исплатени надоместоците на членовите на избирачки одбори и комисии од последните претседателски и парламентарни избори, најави денеска вицепремеирот и министер за финасии, Зоран Ставрески, одговарајќи на прашање на седницата на Собранието посветено на пратенички прашања.
– Се работи за речиси 35.000 лица кои имаат сметки и податоци кои мора да се верификуваат. Тоа е постапка што е при крај. Министерството ја привршува таа работа и во текот на следната недела очекувам да заврши постапката и да се изврши исплатата. Буџетот е во одлична кондиција и согласно динамиката можеме со сигурност да ја извршиме исплатата штом се заврши процесот на верификација – одговори Ставрески.
Истакна дека во изминатите недели во Министерството за финансии максимално сериозно се работело на овој предмет и оти биле побарани и корекции од Државната изборна комисија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.