Успешна реализација на сите проекти предвидени според Националната стратегија за развојот на културата во Македонија 2013-2017, донесена пред околу две години, со што се стимулираат креативните уметнци ја унапреди и придонесе за особен развој на движењето на културата во Македонија.
Сѐ што било предвидено со оваа стратегија е започнато или реализирано во предвидениот рок.
– Министерството за култура ги објави сите конкурси за нарачка и откуп на дела и во оваа смисла се постигнаа навистина позитивни резултати и ефекти. Ќе го спомнам исклучително значајниот конкурс за финансирање преводи на дела од македонската литература на другите јазици кој предизвика огромен интерес од страна на странските издавачки куќи – рече Канческа-Милевска и додаде дека на конкурсот отворен во текот на целата година се пријавиле повеќе странски издавачи и досега е обезбедена поддршка за преводи на 20 дела од современата македонска книжевност на 12 странски јазици.
Со исто темпо ќе продолжи реализацијата на акциониот план од националната стратегијата во периодот што претстои, со цел поместување на културата во Макадонија. Досега се реализирани 50 крупни проекти и мерки поврзани со културното живеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.