| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао ќе остане во Јунајтед

Премиерлигашот Манчестер јунајтед ќе издвои 56 милиони евра за откуп на договорот на Радамел Фалкао од Монако, пренесува порталот „Гол“.

Колумбискиот напаѓач летоска дојде на „Олд трафорд“ како позајмен играч со опција Манчестер да го откупи целиот негов договор на крајот на сезоната, клаузула што ќе ја искористат „црвените“.

Раководството на Јунајтед е задоволно од игрите на Фалкао, иако тој пропушти неколку натпревари поради повреди.

28-годишнот Колумбиец претходно настапуваше за тимовите на Лансерос, Ривер Плата, Порто и Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Колумбија одиграл 54 натпревари и постигнал 21 погодок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top