Играчот на Турново Сашко Пандев направи глупав гест во Штип и го удри помошниот судија на мечот против Брегалница, па ќе очекува драстична казна од ФФМ.
Пандев беше стрелец на голот за Турново во финишот на првиот дел, потоа претера со радувањето па беше исклучен поради втор жолт картон, а на крајот си дозволи луксуз да го нападне помошникот судија. За таков гест се прекинува натпревар, но Емрули Иса од Тетово, кој беше главен арбитар дозволи мечот да продолжи. При инцидентот беше исклучен и Мавров, а Турново и со девет играчи освои еден бод, со реми 1-1.
Видеото на кое помалиот брат на Горан Пандев го нападна помошникот судија можете да го погледнете овде. Снимениот материјал е на ТВ Ирис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)