Познатата глумица Кејти Холмс ја краси насловната страница на магазинот „Пипл“ каде што ексклузивно открила како гледа денес на разводот со Том Круз.
Таа наскоро ќе се најде зад камерите каде што за првпат ќе се обиде во улога на режисер.
Кејти и Том се разведоа во 2012 година, но иако во тој период се пишуваше многу за нејзиниот живот, таа тврди дека многу оддамна тргнала напред.
Таа изјавила „Не сакам еден таков настан да ми го одредува цел живот. Не сакам луѓето да ме паметат по тоа . Бев глумица и пред тој настан, а и денес сум глумица“.
Кејти и Том ја имаат заедничката осумгодишна ќерка Сури, а глумицата изјавила дека мајчинството ја научило да биде многу трпелива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.