Перо Антиќ не доби шанса да игра за Атланта во првиот меч за Хоукс во новата сезона, а неговиот тим забележа пораз од Торонто со 102-109.
Македонците во Торонто дојдоа да го видат Антиќ, кој е прв наш кошаркар што настапил во НБА лигата, но немаа можност да се радуваат на поени и скокови на Перо.
Најефикасни кај Атланта беа Корвер, Тиг и Скот со по 20 поени, а кај домаќините се истакнаа Валанчиунас со 17 поени, Џонсон со 16 поени и 10 скока и Де Розан со 15 поени и 11 скока.
Резултати: Торонто – Атланта 109-102, Шарлот – Милвоки 108-106 ( по продолженија), Индијана – Филаделфија 103-91, Бостон – Бруклин 121-105, Мајами – Вашингтон 107-95, Мемфис – Минесота 105-101, Њујорк – Чикаго 80-104, Денвер – Детроит 89-79, Јута – Хјустон 93-104, Феникс – ЛА Лејкерс 119-99, Сакраменто – Голден стејт 77-95, Портланд – Оклахома 106-89.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.