Бојкотот е прекинат, ама отпорот продолжува, порачалидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на претставувањето на кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Бетиан Китев.
– Китев е млад, образован и чесен човек. Сите рекоа го направите вистинскиот избор. Сега вие сте на потег да ја донесете вистинската одлука, рече Црвенковски.
Носителот на листата на кандидати за советници Зоран Бањански и пратеничката Ленче Николовска меѓу другото се осврнаа и на проблемите на лозарите .
– Ќе го решиме проблемот со недостигот од вода за пиење, ќе изградиме нов зелен пазар и паркинг простор, ова се само дел од нашите проекти, ќе работиме пожртвувано се со единствена цел кавадарчани да бидат задоволни , рече меѓу другото Китев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.