Карпош 1 некогаш беше место со душа, една од најстарите населби во Скопје, населба која ја преживеа поплавата во 1962 година и катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Денеска, наместо ова место да се надградува, тоа наликува руинирана и запуштена населба. Населба во која нема живот. Но, сето тоа ќе се промени по 24 март, во Карпош 1 ќе се ќе почнат да се реализираат капитални проект, вети кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска на жителите од оваа скопска населба.
Куновска, порача дека е потребно во општината да почне да се работи домаќински, а за тоа, вети економски подем на општината, како гаранција за достоен живот.
– Со отворањето на економски зони, ќе се отворат и нови работни места, младината ќе има работа и нема повеќе да има случаи кога пензионерите ги издржуваат младите. Потребно е за нив да се обезбеди пристојна егзистенција, бидејќи вие, жителите на Карпош, го заслужувате тоа – додаде Куновска.
Куновска се осврна и на реалните проблеми на жителите на Карпош 1.
– Срамота е во 21 век да се има проблем со септичките јами, односно да ги нема во населба која е на два метри од Плоштадот. Срамота е улиците Орце Николов и Гиго Михајловски да имаат непроодливи дупки, а на улицата Руѓер Бошковиќ да нема осветлување. Тоа покажува дека ни атуелниот ни минатиот градоначални не биле заинтересирани да инвестираат и реконструираат во населбата Карпош 1, рече Куновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата