Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни ги поканиле на вечера Дејвид и Викторија Бекам, пишува францускиот весник „Валурс актуел“. Бекам е еден од најпопуларните фудбалери на сите времиња кој моментно настапува за францускиот ПСЖ.
Саркози и Бекам се сретнале во просторот за соблекувалните на ПСЖ на 24-ти февруари, пред натпреварот со главниот конкурент на парискиот клуб – Марсеј, пишува францускиот весник.
Поранешниот шеф на државата е долгогодишен обожавател на ПСЖ и тој ентузијастички на англиски јазик позборувал за фудбалот со најновата ѕвезда на клубот.
– Знаете, јас имам 58 години, но јас не можев ни да сонувам дека ќе видам како Бекам игра соИбрахимовиќ во францускиот шампионат – рекол Саркози.
Тој, исто така, разменил неколку зборови со сопругата на фудбалерот и неговите родители. На крајот, кога дошло време играчите да излезат на тревникот, поранешниот претседател го поканил Бекам: „Би сакале ли да дојдете кај нас на вечера?”, на што фудбалерот потврдно одговорил.
Настанот се одиграл на славниот париски стадион „Паркот на принцовите”, пред дебито на Бекам за ПСЖ, меч што заврши со победа на домаќините од 2-0. Благодарејќи на оваа победа, ПСЖ сега е сам на врвот од Првата француска фудбалска лига со 54 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бекам објави фото со Харпер, јавноста збесна (фото)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)