| четврток, 6 декември 2018 |

Стигна засилувањето: Ирачките Курди преку Турција на пат кон Кобане

фото: ЕПА

фото: ЕПА

Првото засилување за сириските Курди во Кобане, кои се борат против муџахедините, ноќеска пристигна во Турција, соопштија властите во Анкара.

Група од 150 ирачки Курди слетала на аеродромот Санлиурф на југот на Турција, а друг контингент пристигнал по копнен пат. Во тој контингент имало 40 возила со тешко вооружување, јавуваат светските агенции.

Ирачките Курди треба во следните неколку дена да стигнат во Кобане, каде што сè уште се во тек борбите со екстремистите од Исламската држава.

Турските власти минатата недела под притисок на САД дозволија ирачките Курди да минат преку нејзината територија до Кобане, иако претходно се закануваа дека нема да дозволат испраќање на какви било воени копнени единици во тој сириски град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top