Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), која соопшти дека масакрот во сирискиот град Кобане е извршен како последица на поддршката на турската влада за групацијата Исламска држава.
Ердоган нагласи дека никој нема право да ја оценува Турција како држава, која го поддржува тероризмот.
– Гледаме дека кругови блиски до сепаратистичката организација Курдска работничка партија (ПКК), тука мислам на лица од политичката формација Демократска партија на народите, извршуваат кампања на клеветење и црна пропаганда по нападот во Кобане – изјави синоќа турскиот претседател.
Тој ја обвини ДПН дека е инструмент на режимот на Башар ал Асад и некои странски лоби групи, кои се непријатели на Турција.
Ердоган ја повика партијата да биде самокритична и да биде силно посветена на Турција доколку сака да остане дел од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.