
Ако сакаат да ме претворат во Џулијан Асанж ќе биде така. Верувам дека тие мислат дека сум зборувала за „Коха диторе“, но сè што е објавено во „Коха’ е во доменот на јавно информирање, вели Марија Бами, обвинителка на ЕУЛЕКС, по нејзиното суспендирање.
Таа била остранета од позицијата од страна на шефот на мисијата на Косово Габриел Меучи, под обвинение за протекување доверливи информации поради тврдењата што ги изнела во изјава за „Коха диторе“ во која открила корупција во мисијата на ЕУ на Косово.
Таа навела дека информациите што ги има кога ќе бидат објавени ќе ја шокираат ЕУ.
– Да, ќе ја шокираат ЕУ, затоа што ЕУЛЕКС расфрла пари на даночните обврзници и ништо не прави за народот на Косово – додава суспендираната обвинителка. Британската обвинителка од Лондон, која ги добила сите судски процеси на Косово, вели дека официјалните лица на ЕУЛЕКС ѝ испратиле некое писмо обвинувајќи ја дека ги кршела основните човекови права.
– Не ми ги споменале причините за суспензијата. Меучи потпишал документ, а заменикот на главниот обвинител на специјалното обвинтиелство Џонатан Рател ми го предаде – вели таа.
Таа вели дека не може да ја води истрагата за случајот за корупција што го открила затоа што сега е сведок.
Во врска со суспензијата ЕУЛЕКС е со став:
– Известувањето за неправилностите не подразбира дека можете да им откриете на медиумите тајни документи, особено во случај кога процесот е веќе завршен. Суспензијата не е санкционирање, туку мисијата мораше да дејствува на експедитивен начин и да се брани од натамошен проток на документи – наведува ЕУЛЕКС.
Приштинскиот весник „Коха диторе“, пак, наведува дека ЕУЛЕКС на разни начини се обидел да го спречи објавувањето на текстот и дека по доставените прашања, специјалната советничка на шефот на ЕУЛЕКС барала да ги види документите што ги има „Коха“, како услов за да одговори на нивните прашања.
„По одбивањето рече дека не може да ни помогне“, пишува весникот и додава дека добиле закани за кривично гонење, а за утре најавува објавување на писмата на обвинителката Бами засновани на прислушување.
Обвинителката Марија Боми, според „Коха“, собрала конкретни материјални докази против двајца високи официјални лица на ЕУЛЕКС и поранешен заменик на главниот обвинител на специјалното обвинителство на Косово, Џонатан Рател.
Според наведеното во весникот, главната обвинителка на ЕУЛЕКС Јарослава Новотна и поранешниот претседател на Судскиот совет на ЕУЛЕКС Франческа Флорија ја прислушувале Специјалната единица за борба против корупција затоа што се верува дека била вмешана во разрешувањето на случајот против Фатмир Лимај и Илир Толај поради експлозија во ресторан во Приштина.
Нивниата вмешаност во тешки противзаконски дела е потврдена со прислушкување и во телефонски разговор на официјални лица на ЕУЛЕКС.
Обвинителката Боми го посочува Рател како виновник дека ја спречил истрагата против членовите на единицата за борба против корупцијата. Рател во времето кога бил главен обвинител, исто така, заметкал кривична истрага во најмалку еден случај за организиран криминал против група од преку десетина луѓе вклучувајќи и неколку бизнисмени, политичари и уредник на еден весник, кои присвоиле стотина хектари имот во Приштина и во околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


