Шкендија од Тетово се врати на фудбалските терени, со пораз од Ренова (1-2) во денешниот последен натпревар од првото пролетно коло. По многу перипетии, одложувања и административни заврзлами, поранешниот шампион доби дозвола за игра, но и лекција од фудбал од Ренова. Сашко Пандев беше играч на одлука и стрелец на победносниот гол за „гипсарите“.
Шкендија се соочи со многу турбуленции во изминатиот период, па поради незаконската смена на управата овој натпревар беше одложуван додека не биде изнајдено решение. На крајот беше решено старата управа да се врати на чело на тетовскиот прволигаш. На клупата повторно се најде Артим Шаќири, но поранешниот македонски репрезентативец не успеа да пронајде излез од кризата, па Шкендија претрпе пораз на домашен терен. Ренова прва поведе преку Идризи во 26. минута, домаќините израмнија преку Ардит Шаќири на стартот од второто полувреме, а Сашко Пандев го реши победникот со прецизен удар во 81. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“