| четврток, 6 декември 2018 |

Десет проблеми што ги разбира само жена со бујни гради

Бујните гради се еден од најженствените делови од  телото. За нив мечтаат речиси сите мажи, а ги посакуваат и многу жени што носат  А или Б градник. Но бујните гради, покрај женственоста и сексипилот, со себе повлекуваат и некои проблеми што можат да ги разберат само нивните сопственички.

devojka so golemi gradi

1. Речиси е невозможно да се најде градник што совршено ќе стои. Функционалноста мора да биде пред естетиката.

2. Нема ниту еден костим за капење што стои совршено,  или се преголеми и старомодни или се премногу мали, а да не зборуваме за комплетирање на долен и на горен костим за капење.

3. Прашањата како: „Те боли ли грбот?“ и „Кој број градник носиш?“ се секојдневие.

4. Некои физички вежби речиси се невозможни. На пример, склекови, стомачни, па дури и трчањето е тешко.

5. Секоја облека изгледа премногу секси, па дури и маица за вежбање и тренерка.

6. Во костим за капење во моментот се претвара во секс-бомба.

7. Машките погледи предолго се задржуваат на градите и тоа, за жал, во секоја пригода.

8. Не може да се носи гардероба со отворен грб. Во таквите модели градите се без силна потпора, а со големите гради тоа е невозможно.

9. Речиси е невозможно да најде совршено палто. Долното копче лесно се закопчува, средното во зависност од кројот, но затоа горното копче никако.

10. Постои страв како ќе изгледа за време на бременоста, а посебно по бременоста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top