Канаѓанката Мел Сеч е позната фитнес инструкторка во својата земја, а трансформацијата на нејзиното тело шокира голем број корисници на социјалните мрежи во светот.
Имено, Мел со напорно вежбање ги намали нејзините големи гради на големина Б и е презадоволна од резултатот.
– Градите ми беа преголеми и ми пречеа. Ништо од облеката не ми се вклопуваше. Прво сакав да го решам проблемот по хируршки пат, но на крајот одлучив да вежбам додека не исчезнат – изјави Мел.
Иако голем број нејзини обожаватели се воодушевени од упорноста и волјата, многумина сметаат дека нејзиното тело изгледало подобро со големи гради и дека сега е изобличена со мускулната маса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.